Филмска училница, трет час – Историја на филм, основи на филмскиот јазик и теорија

На третиот час од Филмската училница ФИЛМЕЈ се зборуваше за повоената историја на филм.  Децата се запозна со неореализмот како правец кој се појавува во италијанската кинематографија, а се карактеризира со снимање на урбани приказни, екстериери со многу народ, со натуршци. Се гледаа инсерти од филмот „Крадци на велосипеди”, на Виторио де Сика.  Со нив се говореше и за Француски нов бран преку инсерти од филмот „Без здив“, наЖан-Лик Годар и значењето на документаристички пристап во снимањето филмови.
Децата разговараа со Саша за аерикански нов бран преку филмовите  “Ајкула”  на Стивен Спилберг.

Исто така се запознаа со основиte на филмскиот јазик. Саша им објасни што значи филмски простор и филмско време, а дознаа какви видови на кадар постојат. Погледнаа примери од филмски планови, различни ракурси и дискутираа за поставеноста на камерта и што е нејзиното значење.  На овој трет час, младите филмаџии се запознаа подробно со монтажата, мизанценост,  движења на камерата и останати битни правила на филмскиот јазик, а разгоараа за филмските родови и видови.

Заедно со Саша Станишиќ ги разгледуваа прашањата – што е фрејм, кадар, рез, сцена, секвенца, планови, крупен, средно-крупен, америкен, среден, широк среден, тотал, ракурси, формати, објективи… и како сето тоа се употребува за да се раскаже филмската приказната.