За проектот
Проектот „ФилмЕД“ (FilmED) има за цел да развива и имплементира тренинг програми за наставници и едукатори кои ќе стекнат знаење и пракса за спроведување на филмска едукација во наставни цели.
Проектот „ФилмЕД“ ги таргетира малите и средните културни и образовни организации кои работат со аудиовизуелни добра, и има за цел да помогне во зголемувањето на нивните капацитети, да ги поддржи во споделување на својата аудиовизуелна експертиза со едукатори и наставници, и на крај да им овозможи да развијат и понудат сопствена обука за ширење на филмската култура.
Филмска училница ФИЛМЕЈ
Во рамки на проектот„ФилмЕД“ (FilmED), Кинотеката на Р. С. Македонија и Гете-инстут од Скопје ја реализираат филмската работилницата ФИЛМАЈ. Oваа работилница – филмска училница е наменета за млади луѓе и ќе понуди едукација од областа на филмското и аудио-визуелното наследство по што учесниците ќе се стекнат основни познавања на филмската уметност и филмските практики за да можат кративно да се изразат. Под менторство на филмски професионалци младите учесници ќе снимаат и свои кратки филмови на различни теми, кои ќе бидат прикажани пред пошироката јавност на премиерна проекција на крајот на овој проект во киносалата на Кинотеката.