На четвртиот час од Филмската училница гостин предавач беше директорот на фотографија Горан Наумовски, кој воедно е и професор на катедрата по камера на факултетот Еуропа Прима во Скопје. Заедно со младите филмаџии го истражуваа деловите од камерта камера, статив, тело, објектив. Се зборуваше за важноста на поставувањето на стативот на камерта, безбедно ракување а со камера (без да се оштети), како безбедно да се предава и менува објектив и како се заштрафува камера.
Младите филмџии работеа со камерата и ја поставуваа во разни положби, како таа може да се движи, како се држи. Со професорот Наумовски зборуваа за објективи ите и каков ефект доловуваат, ога се употребуваат, во какви сцени и за какви цели. Со камерата управуваа, но и се снимаа во одредени положби, а и вежбаа поставување статив, прикачување и движење на камера.