Филмска училница, осми час

На 16.11.2024, во Кинотека на Р. С. Македонијапродуктивно се одржа осмата по ред филмска училница ФИЛМЕЈ. Откако учесниците имаа можност да се запознаат со креативниот процес на создавање филм и го започнаа развојот на своите сценарија, оваа училница беше продолжение на реализација и снимање.
Костадин Тасевски го сними краткиот филм со работен наслов „Колаче“, а се снимаше и филмот „Агент Блу“ на Јана Денковска. Младите филмаџии Максим Котески и Алек Дуковски го доработуваа нивното сценарио за филмот „Роботи“.

Важно е да не заборавиме дека креативноста е двигател на напредокот! Развивањето на имагинацијата и креативноста кај младите не само што ги поттикнува да ја раскажуваат својата приказна, туку и да се изразуваат, взаемно да соработуваат и да го истражуваат светот околу нив.