Филмска училница, прв час – Предисторијата на филмот и оптички илузии

На првиот час од филмската училница ФИЛМЕЈ од проектот ФилмЕД, кој се одржа во Кинотеката на Македонија децата учесници се запознаа меѓусебе, но и поразговараа на темиата филм. Менторот Саша Станишиќ се запозна со нив,  разговараше за нивните омилени филмски наслови, но какви филмови и жанрови сакаат. Младите филмаџии најмногу уживаат во филмските жанрови на  хорор и акција, а секако, уживаат во гледањето анимирани филмови.  Заедно го одгатнуваа прашањето – Што преставува „филмот“  и дали имаат тие своја дефиниција за филм. И секако што би сакале тие да работат на филм. Претежно сакаат да бидат глум(и)ци, некои и камера, машките каскадери..

За предисторијата на филмот како уметност заедно со Саша  и Дамјана Патчева, виш филмолог во Кинотеката ги разгледуваа т.н. оптички играчки кои ја воочуваа  илузија на слика во движење. Заедно разговараа за оваа илузија, за почетоците на филмот како пронајдок и неговото значење. Саша даде вовед за техничките и оптичките иновации кои претходеле на првите камери и проектори. Зборуваше за Едисон и за браќата Лимиер, за нивните први филмови. Се гледаа инсерти од „Доаѓање на возот“, „Излегувањето на работниците од фабриката“, „Ранење на бебето“, „Поливени поливач“ одеа во инсерти.  За нив беа особено интересни инсертите од „Пат до Месечината“ преку кој  го анализа на начинот на снимање и ефектите што ги смислил и применувал Жорж Мелиес.

Саша со нив разговараше за почетоците на филмот – за немите филмови,  зошто тие немаат тон и за музиката која била посебно изведувана. Им ги претстави постапките за тинтирање и боење на филмската лента,  што значело мануелно додавање на боја на филмската лента и значењето кое го внесувала во приказната. 

Со Саша разговараа за еден од првите суперхерои во филмските серијали – „Фантомас“, а погледнаа инсерти од „Носферату“ на Мурнау како пример за хорор и суспенс.  Исто така се гледаа инсерти од „Метрополис“ на Ланг како пример за сценографија и специјални ефекти, а преку инсерти од филмови на Чарли Чаплин и Бастер Китон разговараа со  жанрот комедија.