Филмска училница, седми час

На 9.11.2024, во просториите на @kinoteka.mk , се одржа седмата по ред филмска училница на проектот FILMAY, во соработка со @goetheinstitut_skopje , како дел од меѓународниот проект ФилмЕД поддржан од програмата МЕДИА програмата на Европската Унија.

По развојот на сценариото и како резултат на знаењата стекнати на сите претходни училници, учесниците започнаа со снимање на нивните идеи на повеќе локации во и надвор од Кинотеката.

Јана Денковска заедно со нејзината филмска екипа го сними филмот „Агент Блу“ и веќе на следниот час ќе премине во постпродукција. Максим Котески и Алек Дуковски го развиваа сценариот за филот со работен наслов „Роботи“, додека пак Костадин Тасевски, ја оформи филмската екипа за филмот „Колаче“.