Филмска училница, шести час

Вчера, на 02.11.2024, во просториите на @Кinote@kinoteka.mk , се одржа шестата по ред филмска училница на проектот FILMAY, во соработка со @goetheinstitut_skopje , како дел од меѓународниот проект FilmED поддржан од програмата Creative Europe Culture на Европската Унија.

Оваа училница беше посветена на развој на сценарио: од идеја до сценарио и практичен развој на сценарио со подготовка за снимање. Учесниците поминаа низ неколку клучни процеси:

🎬 Разработка на книга на снимање
🖼️ Креирање на сториборд за визуелизација на сцените
📐 Технички подготовки како што се изработка на тлоцрт за позиционирање на сцените

Филмската училница ја водеше режисерот Саша Станишиќ, кој со своето искуство и практични совети им овозможи на учесниците да го искусат процесот на развој на сценарио во пракса.