На 18 октомври 2025 година во просториите на Кинотеката на Република Македонија се одржа четвртата филмска училница што е дел на проектот ФилмЕД во соработка со Гете институт – Скопје.
Предавач на настанот беше Саша Станишиќ и ги воведе младите филмаџии во процесот на филмската монтажа и во креативните аспекти на филмскиот јазик. Овојпат гости-ментори беа режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, кои ги споделија свои професионални искуства и размислувања за улогата на монтажата во визуелното раскажување, а учесниците користеа филмски инсерти,со цел да илустрираат различните пристапи кон ритамот, звукот и визуелната композиција.
Филмската училница овозможи продлабочување на познавањата за филмскиот јазик, монтажата и визуелна комуникација, како и поттикнување на интересот и креативноста кај младите љубители на филмот.
