На 23.11.2024, во Кинотеката на Р. С Македонија, се одржа деветата по ред филмска училница „ФИЛМЕЈ“, која е предвесник на настан кој ни претстои. На оваа училница, под менторство на Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш, учесниците имаа можност во целост да ја реализираат својата креативност, создавајќи ги завршните кадри за нивните филмови. Како што се приближува крајот на ова издание, чувствуваме радост и нетрпение за да го видиме она што сите учесници го создадоа за време на ова едукативно патување.
Алек Дуковски и Максим Котески го завршија снимањето на нивниот краток филм со наслов РОБОТИ, додека пак Јана Денковска заврши со снимањето на последните кадри од снимањето на нејзиниот краток филм АГЕНТОТ БЛУ.
Проектот FILMAY е реализиран во соработка со Гете институтот – Скопје, како дел од меѓународниот проект ФилмЕД (FilmED), поддржан од програмата МЕДИА на Европската Унија.