Филмска училница, осми час 2025 – Развој на сценарио и практично снимање

На 15 ноември, во рамки на проектот ФилмЕД, се одржа осмата филмска училница целосно посветена на практичното снимање на филмовите.
Сите групи продолжија активно да снимаат на различни локации низ Кинотекта, ја целата достапна просторност за да ги реализираат своите сцени. Учесниците работеа фокусирано, поставуваа кадри, организираа актерски движења и ги применуваа техниките што ги совладаа во претходните училници.
Работниот ден помина во интензивна, продуктивна и креативна атмосфера – младите филмаџии продолжија да го обликуваат визуелниот изглед на своите филмови, градејќи самодоверба и професионални навики во процесот на снимање.