Филмска училница, петти час 2025 – петте фази на создавање на еден филм и филмската екипа

На 25 октомври 2025 година, во просториите на Кинотеката на Република Македонија, се одржа петтата филмска училница во рамки на проектот ФилмЕД.
Овојпат темата беше посветена на петте фази на создавање на еден филм и запознавање со филмската екипа – од идејата до финалниот производ на големото платно.
Настанот започна со кратко видео (1–2 минути) – динамична монтажа од филмски инсерти и задкамерни моменти од различни „мејкинг оф“ материјали, кои им овозможија на децата да ја почувствуваат атмосферата на снимањето.
Потоа следуваше работилница со предавачот Саша Станишиќ и и гостинот-ментор режисерот Светислав Подлешанов каде младите филмаџии работеа на своите кратки филмови и ги откриваа сите фази од создавањето на филмот:
️ од развивање на идејата и сценариото,
️ преку подготовка и снимање,
па сè до монтажа, постпродукција и финална дистрибуција.
Со помош на внимателно избрани филмски инсерти, младите учесници научија кој каква улога има во процесот на создавање филм и како тимската работа е клучна за успехот на секое филмско остварување.
Во втората половина имаше сесијата се прикажаа кратки филмови кои беа изработени на минатото издание на филмската училница, а потоа се поставуваа прашања и споделуваа идеи за тоа што би сакале да создадат во иднина.
Филмската училница помина во креативна, весела и инспиративна атмосфера, поттикнувајќи го интересот на најмладите за уметноста и тимската работа што стои зад секој филм.