Филмска училница, прв час 2025

На 13 септември 2025 година, од 10:00 до 14:00 часот, во просториите на Кинотеката на Република Македонија (@kinoteka.mk) се одржа првата филмска училница во рамки на проектот #FilmED, поддржан од програмата Creative Europe Culture на Европската Унија, во соработка со @goetheinstitut_skopje
Младите филмаџии имаа можност да се запознаат со режисерот и предавач Саша Станишиќ и заедно да патуваат низ историјата на филмот изучувајќи ги почетоците на филмската уметност, создавањето на филмскиот јазик и подемот на немиот филм.️