На 8 ноември, во рамки на проектот FilmED, се одржа седмата филмска училница посветена на развој на сценаријата што ги напишаа младите филмаџии како и на снимањето на нивните кратки филмови.
Сите учесници, поделени во групи – филмски екипи продолжија со снимање на своите кратки филмови, применувајќи ги научените техники од претходните часови.
Работилницата беше исполнета со енергија и креативна атмосфера – младите филмаџии активно соработуваа, ги усовршуваа своите сценарија и ги претвораа своите идеи во конкретни филмски сцени.
