Филмска училница, шести час 2025 – Развој на сценарио и практично снимање

Филмска училница: Развој на сценарио и практично снимање
На 1 ноември, во рамки на проектот ФилмЕД, се одржа шестата по ред филмска училница посветена на процесот на создавање филм – од идеја и сценарио до првите снимачки чекори на сет.
Работата беше целосно практична. Учесниците работеа во групи, при што две групи започнаа со снимање на нивните филмови на три локации во просторот на Кинотеката, применувајќи основи на кадрирање, работа со камера и режисерска координација.
Во исто време, останатите групи продолжија со развивање на сценариото, прегледување на потенцијални локации и подготовка за започнување со снимање на следната филмска училница.
Атмосферата беше динамична, креативна и работна – секоја група ја градеше својата филмска приказна, чекор по чекор, низ вистински филмски процес.