Филмска училница, трет час 2025 – Запознавање со основите на филмскиот јазик

На 4 октомври 2025 година, од 11:00 до 14:00 часот, во просториите на Кинотека на Македонија се одржа третата филмска училница во рамки на проектот FilmED, поддржан од програмата Creative Europe Culture на Европската Унија, во соработка со @goetheinstitut_skopje.
На оваа училница младите филмаџии се запознаа со основите на филмскиот јазик, со фокус на филмскиот простор и време, како и видовите на кадар според план, ракурс и камера-објективи.
Координатор на училницата беше Саша Станишиќ, додека пак, гостин-ментор беше Горан Наумовски, професор по камера.
Преку нивното заедничко излагање, учесниците беа водени низ основните принципи на визуелното раскажување, каде што се истакна значењето на композицијата, перспективата и движењето на камерата.
Во текот на училницата беше прикажано кратко едукативно видео, по што следеше активна дискусија со присутните деца. Преку разговор и примери од познати филмски сцени, учесниците имаа можност да ги разберат и применат клучните поими од филмскиот јазик.
Настанот придонесе за продлабочување на визуелната писменост кај младите, како и за поттикнување на нивната љубопитност и интерес кон филмската уметност.