Почнувајќи од 21 септември, секоја сабота се до 7 декември ќе се одржува филмската училница – низа од предавања за филмската уметност – во киносалата на Кинотеката која се наоѓа во зградата на библиотеката „Другарче’
Ќе ви биде интересно, а патем и ќе дознаете што е тоа филм, кој го измислил, како филмот се прави, какви изразни и креативни можности нуди. Ќе научите и како да напишете сценарио, како да снимате, како да монтирате и – како да го дистрибуирате и презентирате филмот. Ќе ни кажете кој аспект од правењето филм најмногу ве интересира, а ќе забележите и дека филмските техники што ќе ги научите на предавањата се лесно применливи во разни креативни проекти, во школо, на социјалните мрежи, во секојдневниот живот.
Оваа училница нема да биде класична и здодевна. Ќе биде забавна, а главна ѕвезди ќе бидете вие – учесниците.
Низ филмските училници ќе ве води режисерот Саша Станишиќ, искусен едукатор и филмски професионалец, а познати монтажери, кинематографери, сценаристи, продуценти и филмски професионалци ќе ве воведуваат во тајните на создавањето филм. Ќе учите, ќе научите и ќе го снимите својот прв краток филм.
Дамјана Патчева
damjanai@maccinema.com
Саша Станишиќ
stanisik@yahoo.com
Александра Младененовиќ
aleksandram@maccinema.com
Тихомир Кашмицовски
tihokash82@gmail.com
Бојан Станишиќ
bojans@maccinema.com
Александар Трајковски
aleksandart@maccinema.com