„Фејктопија“, „Агент Блу“ и „Последниот колач“ кратките филмови создадени од страна на децата-филмаџии во рамки на филмската училница „Филмеј“ огранизирана од страна на Кинотеката и Гете инстутот – Скопје на 14 декември го имаа своето премиерно прикажување пред преполната сала на кинотеката.
Координаторот на проектот „ФилмЕд“, Дамјана Патчева, на публиката ѝ го претстави проектот, развојот на методологиите, како и работилниците кои секоја сабота од септември до декември се одржуваа во Кинотеката на Македонија. Седумнаесет деца-филмаџии предводени од менторот режисер Саша Станишиќ преку интерактивна обука и настава учеа за филмската уметност, развиваа сценарија и работеа на креирање на нивни кратки филмови кои самите ги снимаа, монтираа и одигруваа.
Првиот прикажан филм беше филмот „Фејктопија“ на Максим Котески и Алек Дуковски кој ја раскажува приказната за Оги, дете кое живее во далечната иднина во која се случила апокалипса со помош на Вештачката интелигенција. Потоа се прикажа филмот „Агент Блу“, филм на Јана Денковска, каде агентот Блу ја спречува Госпоѓа Ред од нејзиниот мрачен план да го развие бизнизот со циркуси, каде многу недолжни животни ќе бидат заробени. Последен филм што беше прикажам беше „Последниот колач“ на Костадин Тасевски, каде се раскажува за едно семејство се собира околу кујнската маса да ги проба вкусните колачи.